Осудениот поранешен судија: Давкова не го погледнала предлогот за мое помилување, патиштата со неа и Мицкоски тука завршуваат
Осудениот поранешен судија, Владимир Панчевски, кој одговараше за АКМИС-системот, побарал од претседателката Гордана Силјановска-Давкова да биде поминуван. Но, како што пишува на социјалната мрежа „Фејсбук“, тој предлог не бил ниту погледнат, ниту таа била заинтересирана. Според него, за неа и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски поважна работа била да се згрижи Павле Трајанов на функција.
Ако не си со мене тогаш си спроти мене, ќе дојде ден кога ќе треба да се сретнеме и во очи да се погледнеме”
Иако Управата на Затвор Скопје пред два месеци даде предлог до Претседателот на државата за мое помилување на предлог на установата, претседателката Гордана Силјаноска Давкова инаку моја прва комшика предлогот воопшто не го ни погледнала, ниту се заинтересирала, но затоа првата споредна – најважна работа на Претседателката Силјановска и на Премиерот на Владата биле да се згрижи на функција Павле Трајанов долгогодишниот семеен пријател на Давкови и да се помилуваат некои анонимни лица како Миран Латиф и останати “заслужни” лица предложени од Ковид профитерот Игор Филков министер во широката коалиција СДС – ВМРО… (секако се радувам за Миран можеби заслужил човекот) за Павле нема да коментирам секој сам си го одбира друштвото во кое ќе биде. Само ќе се присетам дека до неодамна во владата на Зоран Заев истиот тој неколку пати гласаше да им се земаат имунитетите на пратеници од ВМРО за да може да бидат притварани, да не зборам за референдумот, договорот со Бугарија и т.н…
На споменатите им се заблагодарувам и им посакувам долг живот! Нашите патишта завршуваат тука! Имав можеби уште многу да напишам но ќе има и време и мегдан! Мојата казна во целост, без милост и условни отпусти и попусти кои никогаш нема да ги барам завршува за три ипол месеци, животот продолжува и не е само еден ден, еден мандат или функција! Животот сам ги чисти нечесните од твојот живот и продолжуваш понатаму.
Не сме сите исти, овој гест ќе го паметам до крајот на животот, а ќе го паметат и моите малолетни деца! Постов е напишан само за да сведочи за историски факти кој, кога, кому и зошто! Кој бил на чија страна! Каде биле пријателите, комшиите, соборците..“, напиша тој.
Screenshot
Инаку, секоја година, претседателот на Македонија за Илинден дава помилувања за осуденици, процедура која ја спроведува заедно со Министерство за правда, Комисијата и затворите.
Комисијата за помилување која е на чело со професорот Методија Каневчев даде зелено светло за помилување на 5 осудени лица – двајца се целосно ослободени од понатамошно издржување на затворската казна, а тројца делумно во траење од 2 до 4 месеци. Имињата од кабинетот не ги соопштија, но се обавени во одлуката во Службен весник, а меќу нив нема ниту едно познато за јавноста..