(ВИДЕО) Гори охридско: се прават обрачи, се гасне со воздухоплови – но не е под контрола

„Координирано дејствуваат екипите на општинските Јавни претпријатија, Територијалната против пожарна единица од Охрид, Национални шуми, Национален парк “Галичица”, ЦУК, ДЗС, како бројните волонтери кои се одзваа на повикот за помош, а тоа се: жителите од локалните села каде има пожар, членови на доброволното против пожарно друштво “Ентузијаст”, членови на навивачката група “Рибари” како и пожарникари од Неготино кои доброволно се приклучија во акцијата.

При мојата посета на локациите заедно со дел од членовите на Штабот за заштита и превенција бевме информирани дека поради силниот ветер ситуацијата кај Опеница се влошува. Како командир на штабот по консултација со стручните екипи кои се на терен донесовме одлука за вклучување на тешка механизација чија задача е да прават појас за спречување на понатамошно ширење на пожарот.

Поголемиот дел од теренот е веќе обезбеден, а останува уште помал дел каде се работи во моментов и се прават засеци директно низ огнот. Екипите ќе работат на терен се додека не се обезбедат сите локации.

Согласно последните информациите од терен кои ми се доставени пожарите се под контрола“, вели Пецаков. (Скопје1)

 

Back to top button
Close