19-годишниот Мухамед по потекло од Македонија пред неколку недели објавил видео на ТикТок во кое и дава заклетва на Исламската држава
Австриската полиција објави дека еден од уапсените за планирање терористички напад на концертите на Тејлор Свифт во Виена бил во контакт со обезбедувањето на стадионот „Ернст Хапел“, каде што поп-ѕвездата требаше да настапи денеска, утре и в сабота.
Концертите вчера беа откажани поради сериозни безбедносни закани, што уследи по апсењето на двајца австриски државјани на возраст од 17 и 19 години.
Весникот „Кронен цајтунг“ објави дека 19-годишниот Мухамед имал потекло од Македонија и властите го следеле подолго време.