Ален Делон побарал да биде евтаназиран: сакал син му да биде покрај него а со него да “замине” и неговото куче Лобо
Легендарниот француски актер Ален Делон кој почина на 88-годишна возраст пред две години изјавил дека сака да биде евтаназиран, пишува„Ле Паризиен“. Според францускиот весник Делон го замолил својот син Ентони да го организира целиот процес и да биде покрај него додека тој умира.
– Секако дека ја поддржувам евтаназијата. Живеам во Швајцарија, каде што е легална. Мислам дека тоа е најлогично и најприродно нешто. Секој има право да умре без да остане во болници и да прима инјекции – рече Делон тогаш во интервју за локална телевизија, додавајќи дека напишал тестамент
Според информациите кои ги откри „Ле Паризиен“, на преглед на почетокот на годината, Делон дискутирал за евтаназијата со својот лекар.
Понатаму, весникот пишува дека актерот се пожалил повеќе не е човекот каков што бил некогаш, се наведува дека е физички и психички ослабен и дека ја изгубил луцидноста. .
Во една прилика Делон откри дека славата го изморила бидејќи не можел да живее како другите луѓе и да ја има својата приватност. Рече дека црпел мотив од жените за да бидe тоа што е, а дека се забавувал со најубавите жени на светот. Во 2018 година за магазинот „Paris Match“ открил дека неговата последна желба била неговото куче Лобо да замине со него на другиот свет.
– Подготвен сум да умрам. Го мразам времето во кое живееме, ми се гади. Има луѓе што ги мразам. Сè е лажно, само парите се важни. Ќе заминам од овој свет без трошка жалење – изјавил тогаш Делон
Актерот има три деца, Антони, Анушка и Ален-Фабијен кои во текот на изминатата година водеа жестока правна битка, како за наследството на нивниот татко, така и за начинот на којшто треба да се лекува нивниот татко.
Според весникот The Guardian, се чини дека триде деца единствено покажаа слога минатата година, кога требаше да ја избркаат од семејниот имот последната жена која го освои срцето на нивниот татко, Хироми Ролин (66).
Инаку, според некои главната причина за раздорот меѓу децата било тоа што Делон одлучил половина од својот имот да го остави на единствената ќерка, а другата половина да ја подели на синовите.
Двата сина со години имале нарушени односи со татко им, а нивното скандалозно минато исполнето со злоупотреба на опојни супстанци, алкохол и оружје со години било топ тема во француските медиуми.