Застреланиот Ефтимов е косопственик на златарата „Дона“ во ТЦ „Бисер“

Васил Ефтимов, кој вчера наутро беше застрелан на паркингот кај Трговскиот центар „Мавровка“, е косопственик на златарскиот дуќан „Дона“ во Трговскиот центар „Бисер“.

Дуќанџиите за Слободен печат изјавиле  дека станува збор за мирно семејство, кое немало голема комуникација со сопствениците на останатите локали.

Купувале и продавале злато и сребрен накит изминатите десетина години, а последните две години бизнисот го насочиле кон брендирана бижутерија.

Нема потврда дали Ефтимов носел поголема количина злато во багажникот и дали убијците евентуално го зеле.

Двајца од тројцата разбојници кои го застрелаа Ефтимов на паркингот кај ТЦ Мавровка пред очите на неговата сопруга полицијата успеа да ги уапси а по третиот кој со еден куршум испукан во грб го убил  и успеал да побегне полицијата сеуште трага.

 

Back to top button
Close