Дејан Давидовски се предаде на Деве Баир – беше во бегство 7 години поради настаните на 27 април

Давидовски пред пет години беше уапсен во Шведска, но потоа и ослободен од шведскиот Врховен суд кој го одби барањето на Македонија за негова екстрадиција.

По седум години во бегство, на граничниот премин Деве Баир на влез во Македонија од Бугарија на македонските власти се предаде Дејан Давидовски-Дешо, објави Канал 5 телевизијa.

По седум години во бегство, на граничниот премин Деве Баир на влез во Македонија од Бугарија на македонските власти се предаде Дејан Давидовски-Дешо кој беше баран со меѓународна потерница за настаните со упадот во Собранието од 27 април. Тој е осомничен за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Давидовски пред пет години беше уапсен во Шведска, но потоа и ослободен од шведскиот Врховен суд кој го одби барањето на Македонија за негова екстрадиција

Back to top button
Close