Мајката и сестрата на Мараја Кери починаа во ист ден
Пејачката Мараја Кери откри дека мајка ѝ Патриша (87) и сестра ѝ Алисон (63) починале во ист ден.
„Срцето ми е скршено бидејќи минатиот викенд ја изгубив мајка ми. За жал, во трагичен пресврт, и сестра ми го загуби животот истиот ден. Се чувствувам благословено што можев да ја поминам последната недела со мајка ми пред да почине. Ја ценам сечија љубов и поддршка и би замолила за почитување на мојата приватност во овој тежок период“, пренесе „Peoplе“.
Повеќе детали за трагедиите што ја погодија Кери не се соопштуваат, па засега само се шпекулира што се случило со нејзината мајка и сестра.