Тројца министри во Украина поднесоа оставки

Министерот за стратешка индустрија на Украина, Олександр Камишин, министерот за правда Денис Маљусик, министерот за заштита на животната средина и природни ресурси Руслан Стрилц и шефот на Фондот за државен имот Виталиј Коваљ денеска поднесоа оставки.

– Врховната рада на Украина ги доби изјавите за оставките на Камишин, Маљусик, Стрилц и Коваљ, соопшти претседателот на Врховната рада, Руслан Стефанчук, пренесува Укринформ.

Тој информира дека за нивните оставки ќе се расправа на некоја од следните пленарни седници

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close