Меџити тврди дека Законот за бранители нема да помине
Министерот и член на ВЛЕН, Изет Меџити објави дека пратениците од здружената коалиција се против измените на Законот за бранители без закон за привилегии на припадниците на поранешната УЧК.
-Милионерите од Фронтот – ДУИ, потомците на Комунистичката партија на Југославија – СДСМ и претставниците на фашистичката левица – ЛЕВИЦА, ги здружија силите за да ги реализираат предупредувањата за дестабилизација на државата и поттикнување етнички тензии. Со оваа цел тие денеска на дневен ред во Собранието го внесоа предлогот за законот за бранитела,
Нашите пратеници се против дополнување на законот за бранители без закон за привилегии на припадниците на УЧК.
Јавно прашувам: дали Законот за бранители е обид за поттикнување меѓуетнички тензии и дефокусирање на вниманието на јавноста од фрапантно криминално богатење на челниците на ДУИ?
Ги потсетувам милионерите од ДУИ дека со гласовите на нивните министри, (поранешната) влада ја финансираше одбраната на Трачуловски во Хаг. За време на нивното владеење неколку пати беше воведен закон за бранители; а уште полошо – истиот закон е договорен во владините структури на ДУИ, само за да можат бранителите да уживаат разни привилегии, дури и онаа на бесплатни студии на Универзитетот во Тетово што војниците на УЧК го платија со крв.
На крајот, повторувам со целосна одговорност: Законот на Славјанка Петровска и Блерим Беџети нема да помине, навел Меџити на социјалните мрежи, кој во моментов претстојува во САД на 9-та годишна конференција за енергетска безбедност на Централна и Источна Европа