Кенијка омажена во Велес си заминала во април, свекорот дури вчера ја пријавил во полиција!

Велешанецот К.Ш. (72), во тек на вчерашниот ден во велешката полиција пријавил дека неговата снаа за син од Кенија, во месец април си заминала од семејниот дом.

Триесет и петгодишната жена со себе си ги зела личните работи и не кажала каде ќе оди, и не е познато зошто свекорот чекал цели пет месеци за да пријави дека жената ја нема и не знаат каде престојува.

Според пријавеното во СВР Велес, неговиот син живеел во Германија, а со сопругата од Кенија биле во бракоразводна постапка.

Од таму информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на 35-годишната жена

Back to top button
Close