Тошковски за вчерашната акција: Има индиции за епски криминал со милионски суми во фирми во Струмица, Скопје и Гостивар

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, откри детали по повод вчерашните претреси во фирми во Струмица, Скопје и Гостивар. Тој рече дека се приведени четири лица.

-Вчерашната акција беше доста опсежна и обемна на повеќе од десетина локации на територија на Македонија. Постапувавме координирано со Обвинителството за гонење на организиран криминал по наредба на судија на претходна постапка како и заедно со останати државни институции како УЈП, Министерство за Финансии и Царина.

Ова е еден од предметите кои што слободно можам да кажам дека има основани сомненија дека станува збор за епски криминал кој за жал повторно е на штета на буџетот на Македонија односно на парите на народот.

Првичните информации се дека станува збор за милионски суми кои што се последица на неколку кривични дела, даночно затајување, даночна измама и перење пари. Во интерес на целокупната постапка не би можел да навлегувам во детали, почитувам пресумпција на невиност, изјави Тошковски

Back to top button
Close