Гаши нема да свика комисиска седница за Законот за бранителите – тврди дека Деловникот не му дозволува

Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили најверојатно наскоро нема да се најде пред матичната собраниска Комисија за социјална политика, демографија и млади.

Претседателот на Собранието на РСМ, Африм Гаши / Фото: Архива

Откако претседателката на Комисијата, Илире Даути од Алијанса за Албанците, која е дел од коалицијата „Европски фронт“ продводена од ДУИ, минатата недела одби да закаже седница на ова собраниско тело за предлог-законот, тоа не го стори ниту претседателот на Собранието, Африм Гаши, како што налага Деловникот за работа на законодавниот дом.

Гаши денеска во пишана изјава за ТВ Канал 5, вели дека нема да свика седница на Комисијата, повикувајќи се на истото образложение што во четвртокот го соопштија од Собранието, а тоа е дека седница веќе била свикана.

Во изјавата Гаши цитира делови од членот 126 од Деловникот, кои, пак според неговото толкување му го одземаат правото да интервенира.

„Деловникот во член 126 не вели дека ‘ако претседателот на Комисијата одбива да стави конкретен закон’, туку ‘ако претседателот на Комисијата не свика седница’. Со тоа што Илире Даути свика седница во рамки на роковите, не можам да свикам, Деловникот ми го одзема правото на интервенирам и да назначам друг пратеник да ја води седницата“,вели собранискиот спикер. 

Ставот 3 од членот 126 на Деловникот на Собранието на РСМ

Според него во овие четири месеци биле увидени неколку недоречености поврзани со Деловникот за прашања кои, како што вели, планира да се решат преку Комисијата за деловнички прашања.

„Во овие четири месеци увидовме неколку недоречености како овој со Законот за бранители, како двојната функција на Талат Џафери, и уште неколку други прашања кои наскоро планирам да ги решиме преку Комисијата за деловнички прашања – тие да одлучуваат и да носат заклучоци за следната измена на собранискиот Деловник“,

вели Гаши во изјавата за Канал 5. 

Според министерот за здравство, Арбен Таравари, кој како и Гаши доаѓа од коалицијата „Вреди“, која е дел од власта, предлог-измените на Законот за бранителите не е тема за која во моментот треба да се разговара.

„Не знам зошто се драматизира и Законот за бранители. И ова е седми пат. Законот за бранители е донесен 2002, 2005, 2007, 2009, 2013, 2015 година и јас сега мислам дека не е моментот да се разговара за такви теми. Мислам дека таа точка сега засега нема ни да се третира, нема ниту да помогне. Меѓутоа ништо трагично зошто толку драматизираат. Овие партии опозициски, посебно албански сите имаат изгласано шест пати таков закон, така што мислам дека не е моментот за тоа да се разговара“,изјави денеска министерот за здравство, одговорајќи на новинарски прашања. 

Министерот за здравство, Арбен Таравари / Фото: Архива

Во врска со ова прашање, денеска, исто така одговарајќи на новинарско прашање, кус коментар даде и премиерот Христијан Мицкоски, кој рече дека не разговарале на оваа тема со коалициските партнери.

„Не, не сме разговарале на таа тема. Ние многу јасно сме го соопштиле нашиот став во минатото. Бранителите ја имале, ја имале и ќе ја имаат мојата поддршка“,рече Мицкоски.  

На дополнително прашање во врска со одбивањето на пратеничката Илире Дауити да свика седница за Законот за бранители, премиерот на одговори упати кај пратеничката од редовите на „Европскиот фронт“.

Прашан дали има коментар за тоа, Мицкоски кусо одговори: „Па треба да го стави на дневен ред“.

Од денешните изјави за медиуми на премирот Христијан Мицкоски / Фото: Принтскрин

Инаку, од Собранието во одговор на новинарски прашања попладнево повторно го соопштија истиот став дека седницата на Комисијата веќе била закажана во четвртокот во 11 часот.

Сепак, ако се погледне распоредот на активности на Собранието на веб-страницата на законодавниот дом од четвртокот, се гледа дека имало седница на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, но не со Законот за бранители на дневен ред, туку на оној за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

СДСМ, чија пратеничка Славјанка Петровска го поднесе предлогот за измени на Законот за бранителите и кој ја доби поддршката од 65 пратеници да оди по скратена постапка, го повика претседателот да ја закаже седницата на матичната Комисија, како што тоа г

 

Back to top button
Close