На Алпите падна 2 метри снег, се закануваат лавини

Силниот циклон донесе катастрофални поплави во Централна Европа, а беа погодени Австрија, Полска, Чешка, Словачка и делови од Унгарија. На некои локации наврнале над 400 литри дожд на метар квадратен.

Воедно, драстичниот пад на температурата донесе многу силно заладување, па на планините завеја снег.

Снежната линија се спушти на 1000 метри надморска височина, а падна од 20 до 80 сантиметри снег, локално и повеќе, при што снегот беше проследен со урагански ветрови со брзина од 160 км/ч.

Најобилен снег падна на Алпите, особено на Алпите во јужна и западна Австрија, каде локално на повисоките места наврнаа и до 2 метри снег.

Снегот ги изненади сите, во многу области два месеца порано, а пристигна по летото кое никогаш не било потопло.

Инаку, снег над 3.000 метри надморска височина е можен и на лето, но ова лето на австриските Алпи над 3.000 метри е забележана низа од повеќе од 65 дена без снег, со температури во плус.

Силниот и обилен снег и снежна бура блокираа многу планински предели.

На Алпите сè уште паѓа снег, а бидејќи е многу влажен снегот, лавините се закануваат на многу области.

Инаку, интересна е и многу острата линија помеѓу снегот и дождот, а оваа остра линија над Линц ја покажува и фотографијата споделена на социјалните мрежи.

Така, додека во долините на Алпите наврнаа повеќе од 200 литри дожд, заедно со поплавите, снегот вееше на над 1000 метри.

Back to top button
Close