МЗ одбра компанија за компресорската станица
Министерството за здравство информира дека е донесена Одлука за избор на најповолна понуда.
Како што велат, избрана е понудата на понудувачот Винора ДООЕЛ Скопје.
„Договорот ќе биде потпишан во наредниот период, согласно законските рокови. Инсталацијата и монтажата на опремата треба да се изврши во рок од 4 (четири) месеци, сметано од денот на склучување на договорот, согласно објавените услови во тендерската документација и објавениот Оглас“, додаваат од таму.