Туристка загина во Неапол, статуа паднала врз неа

Трагичен настан во срцето на Неапол ја шокираше јавноста кога 30-годишна туристка од Падова, Италија, го загуби животот поради повреди на главата со кои се здоби при пад на статуа од балкон на зграда во центарот на градот. Мртвата девојка е идентификувана како Кјара Јаконис.

Според најавата на медицински извори, повредите биле фатални, а несреќната жена како последица од овој инцидент починала.

Како што пренесува АНСА, трагичниот настан се случил додека туристката се шетала низ еден од најпознатите делови на Неапол – Шпанскиот кварт.

Овој дел од градот е познат по својата богата историја и архитектура, привлекувајќи бројни посетители од целиот свет.

Back to top button
Close