Советот за безбедност на ОН в петок ќе се состане поради експлозиите во Либан

Советот за безбедност на Обединетите Нации ќе се состане в петок во врска со експлозиите во Либан насочени кон Хезболах, соопшти словенечкиот амбасадор во ОН Самуел Жбогар, кој претседава со Советот во септември.

Состанокот беше побаран од Алжир во име на арапските држави, информира тој.

Според последните информации од либанското Министерство за здравство, во денешните експлозии на уреди за комуникација загинале 14 лица, а повеќе од 450 се ранети.

Вчера 12 лица загинаа, а речиси 3.000 беа ранети, од кои речиси 200 во критична состојба, во експлозии на пејџери што ги користеле припадници на Хезболах.

Back to top button
Close