Евроинтеграциски заврзлами

Во една колумна за „затоплувањето на мразот„ во македонско-бугарските односи професорот Малески нè потсетува дека ветеранот на македонската политика, неговиот учител, Киро Глигоров е првиот политичар кој во нашата земја ја применил театарската, односно оперската или поконкретно културната дипломатија со присуство на една тетарска претстава во Софија на покана на поранешниот бугарски претседател и голем интелектуалец и филозоф Жељу Желев за време на грчката блокада кон Македонија. И тоа, успешно.

После тоа Бугарија и помогнала на Македонија да носи цистерни и цистерни со нафта од Бургас за да се затоплат школите, болниците, државните институции и приватните домови.

И јас ги паметам многу добро тие времиња. Не само Бугарија постапи така. И Албанија тогаш и го стави на Република Македонија на располагање за користење пристаништето Драч. И тоа не беше резултат само на заедничката театарска вечер на Глигоров со Жељев туку и резултат и на низа политички, економски и други околности во регионот..

„Оттогаш до денес протече многу вода под мостовите на Вардар. Имаше многу обиди за отопување на мразот„ продолжува професорот , кој многу добро знае дека тој мраз, ден денешен, не е нафтен мраз, туку како што пишува и самиот Глигоров, е идентитетски мраз.

Имено, во „Македонија е сé што имаме„ (стр. 435) Глигоров пишува дека уште пред да ја признае независноста на Република Македонија, Бугарија изградила стратешка позиција според која со признавање на државата нема да ја признае и автотохноста на македонкста нација. И таа треба да го држи отворено прашањето за самобитност на македонскиот народ и на неговиот јазик. И дека таа треба да се држи далеку од интересот за македонското национално малцинство во Бугарија -прашање кое во ова земја се смета за табу.„ (исто 435).

Таквите согледувања се во Протоколите 1 и 2 кои се потпишани од двете влади но и такви ставови пласира во јавноста и амбасаддорот Ангел Димитров, копретседавач на заедничката комисија за историјски прашања, кој во својот интервју за 24 часа го вели следното:„ …односно, секој граѓанин може да се изјасни за својата етничка припадност како што сака и никој не го спречува во тоа. А за да има право на малцинство, историјско малцинство, тогаш мора да има историјска основа за тоа, а такви основи во Бугарија едноставно нема.

И до тука се јасно.

Мисијата на претседателката Гордана Силјановска-Давкова, претпоставувам дека била да после заедничкото уживање во оперската претстава, да размени мислења со домаќинот Радев и тоа дали Бугарија сé уште стои на нивниот став „државата да, додека нацијата и јазикот не„. Или како што постојано нè убедуваат европските емисари дека овие две прашања се апсолвирани во францускиот предлог кој стана преговарачка рамка за ЕУ. Kој во првите два дена од објавувањето беше „апсолутно неприфатлив„ како што изјавија претседателот Пендаровски и премиерот Ковачевски и кој после „тајната вечера„ со Макрон, стана многу добра преговарачка рамка и прифатена дури и од македонскиот Парламент!

Понатаму пишува професорот дека „…Имаше многу обиди за затоплување на мразот. Претходниот обид на владата на СДСМ и ДУИ пропадна заради неговата дискредитација од страна на тогашната опозиција, односно на сегашната власт. Обидот пропадна но проблемот остана.

Тогашната власт не беше дискредитирана од тогашната опозиција туку самата власт се дискредитираше себе си.

Тогашниот премиер Ковачевски кој се предаде пред неговите партиски тајкуни и тајкуните на ДУИ толерираше највисок степен на корупција во историјата на државата, најголем криминал воопшто забележен во историјата на државата, нојголем непотизам кога синовите, ќерките, сестрите, браќата и жените на функционерите без школо и со фалсификувани уверенија дека знаат англиски станаа судии и обвинители.

Македонија беше земја во која обвинителите признавале дело дека зеле пари од граѓаните, земале мито , после се договараат со судиите како да ги делат укредените пари за кражбата наместо да оди во затвор!

Молам да кажете во која земја во земјината топка крадецот може да се договори со судијата да не оди во затвор ако сторил тешко кривично дело?

Коалиција СДСМ-ДУИ, што беше ли тоа?

Тоа беше време кога швајцарските емигранти со 5 швајцарски франци во џеб, коалиционен партнер на СДС, се вселија во Република Македонија, ја дестабилизираа земјата и станаа политичари, ги узурпираа народните фондови и станаа светски милионери.

Обидот пропадна затоа што Ковачевски сакаше да го примени методот на Заев за време на гласањето на Преспанскиот договор: поткуп на пратенички гласови со укинување на судски пресуди за тежок економски криминал, односно преку испад во Кривичниот законик.

Тоа беа години на распад на целиот судски систем чија доверба падна дури и на катастрофални 2% доверба.

И во таква катастрофа сепак судиите беа на повисоко ниво од премиерот и другите високи раководители во државата. Еве како изгледаше тоа: судијата донесува пресуда, преемиерот и пратениците ги поништуваат пресудите и ги обвинувале судиите дека не биле ефикасни!

Ете, тоа Ангел Димитров и сугерира на претседателката Силјановска-Давкова: таа треба да ги фати за уши пратениците потоа да ги внесе во сала и да им нареди да притиснат копче за гласање каде ќе излезе на екранот „за„.

Во либералната демократија највисоки и свети институции за владеењето на право се сметаат Уставот, парламентите, референдумот. И сите овие институции треба да се почитуваат од граѓаните и државите.

Дали може претседателката да им „нареди„ на пратениците да гласаат за нешто во кое и таа самата не убедена и не го прифаќа? Дали може таа да нареди (иако не е дозволено тоа) да се гласа против нивниот идентитет?

Тоа таа ниту може и ниту пак под некоја цена може да го направи. Тоа не е во склад со нејзиниот човечки дигнитет оти народот нејзе и е по драг него било која сума на пари или други привилегии. Да кажеме тапкање по раме!!

Еден европски едуциран професор не може да дозволи да се прекинат судски пресуди за тешки кривични дела сторени од страна на пратеници и министри во замена на гласање на едендоговор како што беше случајот на Преспанскиот договор..

На што личеа измените со укинувањето на член 353 од кривичниот законик?

Дали тоа го бараше Европа?

Мухамед Халили

 

 

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close