Пишман сведоци куртулиле од прогон во „Талир“

Четири сведоци кои ги смениле исказите во „Талир“, предмет за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ од 2009 до 2015 година, се спасиле од кривичен прогон иако дале инаков исказ на суд од оној пред обвинителството, пренесува 360Степени.

Обвинители во скопското обвинителство им ги прифатиле аргументите дека поради проток на време, здравствени и други околности не можеле пред судот прецизно да се сетат на фактите кои претходно ги дале во фазата на истрага

Ова е најновиот, но не и единствениот куриозитет во предметот „Талир“

Овие снимки од новинари како се собираат пред Кривичниот суд Скопје се од 18 февруари, сега веќе далечната 2019 година. Tој ден беше закажано првото рочиште за предметот наречен „Талир“. Како правно лице беше обвинета партијата ВМРО-ДПМНЕ, а како физички лица нејзините функционери – тогаш веќе избеганиот Никола Груевски, потоа Миле Јанакиески, Кирил Божиновски, Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска.

Првото рочиште за предметот „Талир

На обвинетите им се ставаше на товар дека во периодот од 2009 до 2015 година партијата собрала 4,6 милиони евра вршејќи притисок врз приватни фирми. Сите обвинети имале различна улога. Парите, според обвинителството, биле уплаќани во банка преку илјадници мали трансакции – на име донации за партијата од разни физички лица.

 

Илјадници докази и 150 сведоци

Некои од доказите на обвинителството покажуваа дека многу од уплатниците, илјадници на број, биле прокнижувани на 20-ина секунди една од друга. Тоа е невозможно ако навистина ги уплаќале различни физички лица кои чекаат ред во банка. А тука беа и 150 сведоци. Меѓу нив бизнисмени, кои признаа дека биле под притисок да даваат пари за партијата. Но и луѓе чии имиња и лични податоци биле ставани на тие уплатници, а за истрагата изјавиле или дека никогаш не донирале пари или дека не уплатиле донација во банка.

повеќе

Back to top button
Close