Израелските власти ги затворија училиштата во северниот дел од државата во близина на границата со Либан

Израелската агенција за цивилна одбрана денеска нареди затворање на сите училишта во северниот дел на земјата по ракетниот истрел од либанската вооружена група Хезболах и интензивирањето на прекуграничниот оган.
Тие нагласија дека училиштата и другите образовни институции и активности нема да бидат дозволени во северниот дел од државата најмалку до понеделник во 18:00 часот по локално време (15:00 GMT)






