Експлозија во рудник во Иран, најмалку 28 загинати

Најмалку 28 лица загинаа во експлозија на метан во рудник за јаглен во иранската провинција Јужен Хорасан, јави денеска иранската државна телевизија.

Претходно медиумите објавија дека 12 лица се повредени во експлозија во иранскиот рудник.

Триесет луѓе се уште се заглавени во рудникот Маданџо. Во блоковите Б и Ц на рудникот, погодени од експлозијата, во тој момент се наоѓале вкупно 69 лица. Во тек спасувачка операција.

Back to top button
Close