Случајно ја застрелал мајка си, починала на пат кон болница

Јасминка Л. починала синоќа кај Мала Суботица во Хрватска, во семејната куќа откако била погодена од куршум испукан од пиштол што го држел нејзиниот син.

Се се случило околу 19 часот и 30 минути, пред семејната куќа. Откако бил испукан истрелот, се слушнал застрашувачки крик, проследен со повици за помош. Не можело да се спаси ранетата 50-годишна Јасминка Л., а нејзиниот 20-годишен син Доминик е уапсен и е под истрага, пишува „Јутарњи лист“.

Сите сме во шок. Со Јасминка сум во сродство, и не ми се верува дека ова се случило. Откако Доминик случајно ја ранил со тој ѓаволски пиштол, мислам дека веднаш била повикана брза помош, но не чекале, ја качија Јасминка во колата на соседот и се упатија кон болницата во Чаковец ноќе“, изјавил за Јутарњи жител на местото Пишкоровац.

За Доминик вели дека „момчето е добро како леб, трудољубиво, но и многу било приврзано за мајка си“.

„Таа несреќа се случи во куќата. И тој не пукаше во мајка си намерно. Се плеткаше со пиштолот, не знаеше дека има куршум внатре, а за да се оправда дека воопшто го држел, претпоставувам дека рекол дека ќе го полира и одеднаш „бум“. Доминик ја обожаваше својата мајка“ рекол кумот на починатата.

Не се знае дали полицајците пронашле нешто друго во куќата и помошните објекти во кои живеел осомничениот млад човек. Безживотното тело на Јасминка е пренесено на патолошкото одделение во болницата Чаковец за да се изврши обдукција.

По кривичната истрага ќе се знаат сите околности кои довеле до трагедијата и дали 20-годишникот ќе биде пријавен за убиство од невнимание.

 

Back to top button
Close