Петти случај на западнонилска треска
Имаме петти случај на западнонилска треска во земјава, а пациентот е од струмичко.
Пациент од струмичко е хоспитализиран на Инфективната клиника поради компликации од вирусната западнонилска треска, која ја пренесуваат комарци, објави „Сител“. Тој е петтиот случај на заразен од оваа болест кој е регистриран во земјава. 62-годишниот човек бил упатен на клиниката од страна на неговиот матичен лекар. При прегледот, пациентот бил во лоша здравствена состојба и имал и невролошки симптоми. Нема податок дали патувал надвор од Македонија.