Трамп: Соочен сум со големи закани од Иран


Поранешниот американски претседател и републикански кандидат на изборите во САД, Доналд Трамп денеска изјави дека е соочен со „големи закани од Иран“.

„Иран претставува голема закана за мојот живот. Целата американска војска гледа и чека“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Тој рече дека Иран „веќе презел мерки и не успеал, но ќе се обиде повторно“.

„Опкружен сум со повеќе луѓе и оружје од кога било досега“, додаде Трамп.

Предизборниот тим на Трамп вчера соопшти дека американските разузнавачки служби го предупредиле поранешниот претседател за заканите на Иран дека ќе го убие.

Back to top button
Close