Анита Стамнова е нова директорка на Централен Регистар
Анита Стамнова е назначена за вршител на должност директор на Централен регистар на местото на претходната раководителка, Марија Бошковска-Јанковски.
Информациите се дека Стамнова е поранешна соработничка на премиерот Христијан Мицковски од времето кога тој беше генерален директор на АД ЕСМ, поранешен ЕЛЕМ.
Стамнова порано била заменик-директорка на Државниот завод за статистика, а претходно раководителка на одделението за буџетска координација и буџетска контрола на Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати.
Таа досега беше член на кабинетот на министерката за финансии Гордана Кочоска Димитриеска.