Шест загинати и 91 ранет во израелските напади на Бејрут

– Шест лица загинаа, а 91 се ранети во силните израелски напади врз јужните предградија на Бејрут, каде се наоѓа седиштето на Хезболах, соопшти синоќа либанското Министерство за здравство.

Претходно беше објавено дека две лица загинале, а 76 се ранети, додека спасувачите трагаат по преживеани под урнатините.

Седум високи станбени згради се уништени во нападите, јави ТВ Ал Манар, поврзана со Хезболах.

Израелската војска соопшти дека го гаѓала главниот штаб на Хезболах во „прецизен напад“.

Лидерот на Хезболах, Хасан Насралах бил цел на тој напад, но според извор близок до движењето, тој не бил повреден.

Хезболах воспостави безбедносен кордон околу местото на нападот и побара од новинарите да се одалечат.

Телевизијата Ал Манар емитуваше во живо од местото на настанот, прикажувајќи ги спасувачите и тешката механизација како ги раскопуваат урнатините

Back to top button
Close