Голем пожар во фабриката за ајфон на компанијата Тата во Индија
Голем пожар избувна денеска во фабриката за „ајфон“ на компанијата „Тата“ во индиската држава Тамил Наду, јавуваат индиските медиуми.
„Во моментот на пожарот на смена биле околу 1.500 работници“, пишува Индија тудеј.
Пожарот најпрвин започнал во фабриката за боење додатоци за мобилни телефони, а потоа се проширил.
Противпожарните екипи работат на гаснење на пожарот и евакуација на вработените. Според досегашните информации, во пожарот нема повредени.
Поради пожарот, производството во фабриката е прекинато, а компанијата „Тата електроникс“ соопшти дека ги истражува причините за пожарот.