Парламентарни избори во Австрија

Во Австрија денеска се одржуваат парламентарни избори. Австриската крајнодесничарска Партија на слободата би можела за првпат да победи на парламентарните избори и да постигне историски успех доколку победи во спорната трка со владејачките конзервативци, јавуваат светските агенции.

Во последниве месеци, Партијата на слободата постојано водеше на анкетите, но водството на формацијата пред Австриската народна партија постепено речиси целосно се стопи.

Кој и да победи нема да добие целосно мнозинство, покажуваат анкетите, но ќе може да води коалициска влада.

Право на учество на изборите за Националниот совет – Долниот дом на австрискиот Парламент имаат 6.346.059 австриски граѓани на возраст над 16 години.

Првичните резултати се очекуваат неколку минути по завршувањето на изборниот ден во 17 часот.

Back to top button
Close