Ковачев: Нема потреба од посредник во односите меѓу Бугарија и Македонија


Единствената европска преговарачка рамка за Република Македонија нема да пукне, без разлика колку Виктор Орбан ги нуди своите услуги“, вели бугарскиот европратеник Андреј Ковачев од ЕПП по повод одвојувањето на Македонија од Албанија на патот на интеграција во ЕУ.

Тој потсети дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски побегнал во Унгарија, а голем дел од македонските „медиуми на ВМРО-ДПМНЕ се во рацете на Унгарците и не се, во најмала рака, многу пријателски расположени кон Бугарија, и недостига духот на добрососедство“.

По повод предлогот на Виктор Орган неговата земја да биде посредник меѓу Бугарија и Македонија, Ковачев додаде дека нема потреба за тоа.

Според него, главната теза на властите во Македонија е дека „патот на РМ кон Европа е блокиран од Софија, Бугарите се лошите момци и тие се виновни за сè“.

Back to top button
Close