Столтенберг денеска му ја предава функцијата генерален секретар на НАТО на Руте

Еден од генералните секретари на НАТО со најдолг мандат, Јенс Столтенберг, денеска ќе му ги предаде должностите на поранешниот холандски премиер Марк Руте, во време кога Алијансата се соочува со некои од најголемите предизвици во својата историја.

Столтенберг, 13-тиот генерален секретар на НАТО, ја презеде функцијата во 2014 година, а должината на неговиот мандат ја надмина само холандскиот дипломат Џозеф Лунс, кој помина 13 години на чело на НАТО.

Воениот комитет на НАТО вчера официјално се прости од Столтенберг, а заменик-претседателот на Воениот комитет, генерал-полковник Ендрју М. Роулинг го пофали неговото „демократско лидерство и духот на сила и единство што им го донесе на сојузничките сили“.

Во својот говор, Столтенберг се заблагодари за „напорот и соработката во изминатите 10 години“ и истакна дека „НАТО сега е поголем, посилен и поподготвен од кога било да се соочи со каков било предизвик“, како и дека „отпорноста и силата на НАТО не зависат од поединци, туку од колективот“.

Во седиштето на НАТО во Брисел денеска ќе се одржат низа настани за примопредавање.

Руте ќе стане 14-ти генерален секретар во историјата на НАТО

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close