Филипче го впери прстот во ВМРО-ДПМНЕ: Сериозна причина за поразот е величествената кампања темелена на лага
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче денеска на прес конференција го впери прстот кон ВМРО-ДПМНЕ во однос на нивниот катастрофален резултат на изборите.
Според него, причина за резултатите се лагите со кои што ВМРО-ДПМНЕ ја воделе предизборната кампања
„Тие ветуваа повисоки плати, подобрување на нашата положба во однос на преговорите со ЕУ. Поверуваа луѓето дека никогаш нема да го користат името Северна Македонија и на бран на таква силна националистичка кампања која за жал видовме дека разгорува и меѓуетнички тензии, тие освоија толкав број на гласови. Сметам дека една сериозна причини за таквиот изборен успех на ВМРО-ДПМНЕ односно пораз на СДСМ, се должи на нивната величествената кампања темелена на лага“, порача Филипче.