Во Германија евакуација на железничка станица поради сомнеж за појава на смртоносниот вирус Марбург

Момче и девојка предизвикаа паника во Германија, поради сомневање дека се заразени со вирусот марбург, кој предизвикува треска, грчеви во мускулите, крваво повраќање и дијареа, а стапката на смртност е до 88 проценти.

Полицијата во Хамбург итно ги евакуирала патниците од возот, кој пристигнал од Франкфурт, поради сомневање дека две лица во возот се заразени со вирусот марбург.

Станува збор за млад човек и девојка со симптоми слични на тешка настинка, објави порталот Тагесау.

Веднаш биле затворени двата излеза од станицата во Хамбург, а на терен излегле и пожарникари. Младиот човек немал температура, а неговата девојка повраќала во возот.

Германскиот портал Morgenpost објави дека двојката пристигнала со авион директно од Руанда во средата наутро.

Претставник на противпожарната служба за Билд изјави дека 26-годишникот и неговата девојка за време на патувањето развиле симптоми слични на грип. Тој додаде дека заболените изјавиле дека за време на нивниот престој во Африка лекувале човек за кој подоцна било потврдено дека е заразен со вирусот марбург.

Студентот и неговата девојка веднаш биле пренесени во Универзитетската болница „Епендорф“, специјализирана за тропски болести. Нивниот багаж бил одземен.

Руанда во моментов се бори со епидемијата на вирусот марбург, кој досега однесе осум животи, објави Би-би-си. Марбург вирусот се пренесува преку еден вид лилјак (овошен лилјак), но може да се пренесе и од човек на човек преку крв и секс без заштита.

Според податоците на Светската здравствена организација, стапката на смртност од тој вирус е дури 88 отсто, пренесува Politico. Овој вирус предизвикува треска, мускулна болка, дијареа, повраќање и, во многу случаи, смрт од екстремна загуба на крв.

Се смета дека е од ист тип како и вирусот на подеднакво смртоносниот вирус ебола, а како што објави СЗО, вирусот марбург првпат бил идентификуван откако биле заразени 31 лице, а седум од нив починале во истовремени епидемии во 1967 година во Марбург и Франкфурт, Германија и Белград, Србија.

Изворот на епидемијата првично беше поврзан со африкански зелени мајмуни увезени од Уганда. Но, во меѓувреме, вирусот се поврзува и со други животни, на пример со овошниот лилјак. Меѓу човечките видови, главно се пренесува од луѓето, кои долго време престојувале во пештери и рудници населени со лилјаци.

Во моментов епидемија на овој вирус е регистрирана во Гана, но веќе избувна и во голем број африкански земји, вклучувајќи ги: Демократска Република Конго, Кенија, Јужна Африка, Уганда и Зимбабве.

Повеќе од 300 луѓе загинаа во епидемијата во 2005 година во Ангола. Во Европа почина само едно лице во последните 40 години – и едно во САД, откако се вратило од експедиција во пештерите во Уганда.

Светската здравствена организација наведува дека во просек, вирусот убива половина од заразените“, а дека најштетните видови убиваат и до 88 проценти од заразаените.

Back to top button
Close