Двајца белгиски новинари повредени во нападот врз Бејрут

Двајца новинари на белгиската телевизија ВТМ се повредени денеска во Бејрут во тек на отворен конфликт меѓу Израел и Хезболах, соопшти редакцијата на BTM.

Воениот репортер Робин Рамаекерс добил фрактура на лицето, а камерманот Стијн де Смет си ја повредил ногата. Потврдено е дека не се во животна опасност, изјави портпаролот на медиумската групација.

Белгиското Министерство за надворешни работи соопшти дека ќе ја следи состојбата на своите повредени новинари. Во Либан моментно има речиси 1.800 белгиски државјани, а стотина изразиле желба да ја напуштат земјата.

Back to top button
Close