Силен земјотрес во Романија, почувствуван и во Бугарија

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја погоди Романија, јавува ЕМСЦ.

Земјотресот е регистриран во општина Нереж во областа Вранча на длабочина од 104 километри, нешто пред четири и пол часот наутро.

Според граѓаните на Бугарија во ЕМСЦ, земјотресот бил почувствуван и во оваа земја.

Засега нема информации за повредени или материјална штета

Back to top button
Close