„Вашингтон Пост“: Барак Обама ќе учествува во кампањата на Камала Харис

Обама ќе  Поранешниот американски претседател Барак Обама ќе води кампања за потпретседателката и демократска претседателска кандидатка Камала Харис во неделите пред изборите на 5 ноември, пренесуваат британските медиуми, повикувајќи се на Вашингтон пост.

Обама ќе ја започне кампањата следниот четврток со патување во Питсбург (Пенсилванија), објави весникот, цитирајќи висок претставник на персоналот на Харис.

Обама и неговата сопруга Мишел уште во јули ја поддржаа претседателската кандидатура на Камала Харис.

На Демократската национална конвенција во август, во Чикаго, Обама ги повика Американците да ја поддржат Харис.

-Америка е подготвена за ново поглавје, Америка е подготвена за подобра приказна. Ние сме подготвени за претседателката Камала Харис, рече тогаш тој.

Харис на изборите на 5 ноември ќе се соочи со републиканскиот кандидат Доналд Трамп

Back to top button
Close