ИДФ соопшти дека одговорот на иранскиот напад ќе биде „ сериозен и значаен“

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека планираат да одговорат на иранскиот балистички ракетен напад врз Израел во вторникот и предупредија дека одговорот ќе биде „сериозен и значаен“.

ИДФ наведува дека иранскиот напад со над 180 балистички ракети врз Израел „ќе има последици“.

„Тајмс оф Израел пренесе дека нападот предизвикал штети низ Израел, вклучително и врз израелски воздухопловни бази, иако војската соопшти дека не биле погодени авиони или критична инфраструктура.

Истовремено, израелската армија посочува дека копнената операција во јужен Либан е „ограничена и локализирана“ и дека во рамките на неа се извршуваат наменски напади за уништување на инфраструктурата на либанската милитантна група Хезболах во пограничната област, особено во села во близина на израелската граница со цел да им се овозможи на жителите на север од Израел да се вратат дома.

Но, ИДФ додава дека операциите во јужен Либан ќе се прошират на поголема област доколку се покаже за потребно и покрај тоа што има намера да ги прекине операциите што е можно поскоро.

Иран во вторникот лансираше повеќе од 180 ракети кон Израел, наведувајќи дека тоа е одмазда за убиствата на лидерите на Хезболах и Хамас, како и за агресијата во Газа и Либан.

Во својата првична реакција, уште во вторникот вечерта, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека Иран ќе „плати“ за нападот

Back to top button
Close