Вознемирувачка фотографија: Маж се самозапали за време на пропалестински демонстрации во Вашингтон
Маж се самозапали во Вашингтон, на плоштадот „Црните животи се важни“ за време на мирните пропалестински демонстрации по повод годишнината од нападот на Хамас врз Израел што доведе до војната во Појасот Газа.
Благодарение на брзата интервенција на полицијата пожарот е изгаснат, пишува Вашингтон пост.
Неколку полицајци, како и присутните демонстранти притрчале за да му помогнат на човекот.
Откако полицајците го изгаснале пожарот, тие ја опколиле областа, а мажот кој се запалил е пренесен во болница каде што му била укажана помош поради повреди кои не се опасни по живот, изјави началникот на полицијата во Вашингтон, Памела А. Смит