На пропалестински протести во Рим повредени 30 полицајци и четворица демонстранти

Околу 30 полицајци и четворица демонстранти беа повредени во судири за време на вчерашните пропалестински протести во Рим, јави денеска италијанската новинска агенција АНСА.

Во центарот на Рим, маскирани демонстранти фрлале камења, шишиња и петарди врз полицијата, која одговорила со палки, водени топови и солзавец.

Во текот на денот, на плоштадот во Рим каде што се одржувале протестите, биле легитимирани 1.600 лица, а 19 од нив биле приведени.

– Не спречуваат за да ја заштитат војната – изјавил еден од организаторите на протестот.

На протестите се слушаа повици „Запрете го геноцидот“ и „Престанете со продажба на оружје за Израел“, како и повици против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Back to top button
Close