„Заедно до крај“ – сопружници пронајдени прегрнати под урнатините во Јабланица
Босна и Херцеговина на 4 октомври беше погодена од катастрофални поплави, кои однесоа човечки животи.
Тешка е ситуацијата во неколку градови на Босна и Херцеговина, но убедливо најтешка е во Јабланица. Потресните сведоштва на луѓето кои ги загубија домовите и своите најблиски, најмногу доаѓаат од овој мал град во Босна и Херцеговина.
Во екот на разорните поплави што ја погодија БиХ, особено е потресна приказната за брачната двојка Ирмела и Јасмин Чилиќ, чии тела прегрнати ги пронашле спасувачите под урнатините во Јабланица.
Спасувачките тимови и локалната заедница каде што живееле биле длабоко потресени од оваа вест.
Тие останале еден со друг до крај, но за жал не можеле да се извлечат. Биле познати во нивната заедница како топли и грижливи луѓе, а нивната љубов и поврзаност послужија како инспирација за многу луѓе