Ликвидиран главниот добавувач на оружје на Хезболах

Израелската армија соопшти дека командантот на штабот на Хезболах е убиен во воздушен напад во либанската престолнина Бејрут.

Скај њуз објави дека во соопштението на израелските одбранбени сили (ИДФ) се вели дека убиениот Сухаил Хусеин Хусеини бил задолжен за логистика во странство, буџет и управување со различни единици на Хезболах.

Се наведува дека Хусеини одиграл „клучна улога“ во трансферот на оружје од Иран и дека е одговорен за „дистрибуција на напредно оружје до единиците на Хезболах“.

– Покрај тоа, тој беше и член на Советот на Џихад, советот на високи воени лидери на Хезболах – наведе ИД.

Во соопштението, исто така, се вели дека Хусеини бил задолжен за „буџетско и логистичко управување со најчувствителните проекти на Хезболах“, вклучително и „специјални операции, како што се терористичките напади врз Израел од Либан и Сирија“.

Back to top button
Close