Момчето-убиец првпат проговори зошто го сторил масакрот на соучениците во Владислав Рибникар
Во зградата на Високиот суд во Белград продолжи судењето на Миљана и Владимир Кецмановиќ, родителите на Коста Кецмановиќ, кој на 3 мај минатата година уби девет свои врсници и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“. Денеска за прв пат исказ даде и самиот Коста.
Како што ексклузивно дознава српска Република, Коста Кечмановиќ на прашањата одговарал со пауза од една до две минути.
Денеска за прв пат одговорил на прашањето кое година и пол ги мачи сите родители на убиени деца, а тоа е зошто ги убил своите врсници.
-Се чувствував отфрлен и затоа го направив тоа. На 3 мај донесов пиштол за да го направам тоа, но не бев со крај сигурен дека ќе пукам – изјавил Коста Кецмановиќ.
Лекарите кои престојуваат во зградата на Специјалниот суд во Белград за време на распитот на момчето-убиец, интервенирале во судницата затоа што на сослушувањето на лицето на момчето наеднаш му се променила бојата.
Лекарите го прегледале, му го измериле притисокот, па сослушувањето на тинејџерот продолжило.
„Судијата го праша сведокот како се чувствува и дали може да продолжи да одговара на прашања, на што тој одговори потврдно. Бидејќи и лекарите констатираа дека неговата здравствена состојба не е нарушена, распитот продолжи“, откри изворот на Курир.
Сведочењето на малолетниот убиец за злосторството почна нешто по 10 часот. Со две кратки паузи тој одговара на прашања речиси три часа. Тој сведочи под затемнето непробојно стакло во самата судница. Родителите на жртвите подготвиле повеќе од 250 прашања за него.
Коста Кецмановиќ е заштитен сведок во случајот против неговите родители.
Момчето на 3 мај минатата година уби девет врсници и еден обезбедувач во основното училиште „Владислав Рибникар“ во населбата Врачар во Белград.
Како што неофицијално дознава Курир, до сега момчето убиец било испрашувано од адвокати, од судскиот совет и од обвинител, а моментално се очекува да почнат испрашувањата од родителите на жртвите.