Нов удар за принцот Хари и Меган Маркл: Кои се најпопуларните членови на кралското семејство
Принцот Хари и Меган Маркл доживеаја нов удар во Обединетото кралство каде нивната популарност продолжува да опаѓа и покрај напорите да се смени овој тренд.
Тие бележат пад на популарноста по сензационалното излегување од кралското семејство и преселбата во САД во 2020 година.Првите жестоки тврдења на Хари и Меган за кралското семејство не наидоа на добар одзив во јавноста, која сè повеќе им негираше поддршка. Тие остануваат меѓу најмалку популарните членови на кралското семејство во третиот квартал од 2024 година, според најновото рангирање на YouGov.
Популарноста на принцот Хари е 27 отсто, што е за седум поени помалку од јуни кога Дејли бист ја објави својата листа.
Во меѓувреме, популарноста на неговата сопруга Меган падна на 23 отсто од 26 отсто во јуни.
На истата платформа – YouGov, популарноста на принцот Хари достигна 23 проценти во јули 2024 година, што претставува зголемување од четири поени. Популарноста на војвотката од Сасекс доживеа поголем пад, бидејќи во јули беше 31 отсто, осум поени повеќе од последните 23 отсто.
Принцезата Кејт и понатаму е најпопуларна со 73 отсто, што е два поени повеќе од 71 отсто во јули. Во однос на популарноста, пред неа е само кралицата Елизабета Втора. По Кејт следат принцезата Ана и принцот Вилијам, со 70 проценти.