Беживотните тела на мајката и ќерката се најдени во кревети. Нема траги на насилство

На кревети и како да спијат, двете тела на мајката и 4-годишната ќерка се најдени во куќата каде што живееле од страна на мајката на починатата жена (баба на девојчето), пренесе Телма.

Живеалиштето било со супстандардни услови за живеење. Според првичните информации, таткото и мајката биле лица со посебни потреби.

Семејството кое е погодено од големата трагедија што ја потресе Македонија, има две деца. Починатото девојче кое имало 4 години и момче кое откако е пронајдено е префрлено во тетовската болница, па потоа на клиниката за невропсихијатрија бидејќи не одговарало на прашањата. Момчето нема повреди.

Телата на двете починати, мајка и ќерка, се префрлени на обдукција за дасе утврди причината за смртта. Првично, немало знаци на насилство на нивните тела кои се најдени на два кревети во нивниот дом.

Таткото по првична помош во болницата во Тетово е преземен и со полициско возило е префрлен во полициската станица во Тетово во рамки на истрагата.

Досега нема никаква официјална причина или информација за тоа како се случила трагедијата.

 

Back to top button
Close