Пилотот на турската авиокомпанија Туркиш ерлајнс почина за време на лет над САД
Пилотот на турската авиокомпанија Туркиш ерлајнс почина за време на меѓународен лет над САД, а остатокот од екипажот го прекина патувањето и авионот слета во Њујорк, соопшти компанијата.
Ербасот 350 полетал во вторникот вечерта од Сиетл, на западниот брег на САД, кон Истанбул, а капетанот се онесвестил за време на летот, објави Туркиш ерлајнс.
Обидот за прва помош бил неуспешен.
59-годишниот пилот успешно го поминал редовниот лекарски преглед на почетокот на март, соопштија од компанијата.