Единаесет загинати и 48 повредени во израелски напади во централниот дел на Бејрут

Либанското Министерство за здравство соопшти дека најмалку 11 луѓе се убиени, а 48 други се повредени во израелските напади врз центарот на главниот град Бејрут.

„Во нападите на израелскиот непријател на главниот град Бејрут вечерва загинаа, според прелиминарниот биланс, 11 лица, а 48 се повредени“, соопшти Министерството.

Цел на нападот било да се елиминира висока претставник од либанското движење Хезболах. Не е јасно дали тоа лице е меѓу убиените.

Back to top button
Close