Делегација на СДСМ оддаде почит на борците од НОБ на Партизанските гробишта во Бутел

По повод 11 Октомври – Денот на народното востание, денеска партиската делегација на СДСМ оддаде почит на загинатите борци во Народно-ослободителна борба и положи свежи цвеќе во Меморијалниот комплекс Партизански гробишта во Бутел.

Како што соопштија од СДСМ, цвеќе положи партиската делегација во состав на Сања Лукаревска, Саша Димитријевиќ и Наталија Спировска.

Back to top button
Close