Нобелова награда за мир за Јапонци кои ги преживеале Хирошима и Нагасаки

Јапонецот Кидо Суечи, генерален секретар на Нихон Хиданкио, на Виенската конференција за влијанието на нуклеарното оружје во 2022 година

Јапонецот Кидо Суечи, генерален секретар на Нихон Хиданкио, на Виенската конференција за влијанието на нуклеарното оружје во 2022 година

Нобеловата награда за мир оваа година ја доби Нихон Хиданкио, организација на Јапонци кои го преживеале нападот со атомска бомба на Хирошима и Нагасаки.

„Ова масовно движење на преживеани од Хирошима и Нагасаки, познато и како Хибакуша, ја добива наградата за напорите да создаде свет без нуклеарно оружје и за демонстрацијата, преку сведочење, дека нуклеарното оружје никогаш повеќе не смее да се користи“, објави одборот за доделување.

Минатата година наградата ја доби Наргес Мохамади, затворена иранска активистка која се бори за правата на жените

Back to top button
Close