Затворен мостот Беласица – ќе се снима филм

Денеска од 6 до 18 часот ќе биде затворен мостот Беласица каде ќе се снима филм и Единицата за безбедност на патниот сообраќај во Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај.

Како што информираат од МВР, сообраќајот на улицата „Беласица“ (мост Беласица) периодично ќе се затвора на потегот од крстосница со улицата „Ѓуро Ѓоновиќ“ до крстосница со булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје и ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници

Back to top button
Close