Се запалија 3 автомобили во Аеродром

Три возила биле запалени вчера наутро на улица Венјамин Мачуковски во Скопје. Нема повредени, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Прво се запалил автомобил „рено меган” со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.С.(34) од село Р`жаничино, скопско, а потоа биле зафатени и „пежо” со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.Џ.(33) и „мазда 3″со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Н.(40), двајцата од Скопје.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид

Фото: Илустрација

Back to top button
Close