Миса во Загреб во чест на Тоше Проески: Ги поврзуваше народите со својата музика и хуманост!

Утре (недела) во Загреб ќе се одржи миса по повод 17 години од смртта на легендарниот музичар Тоше Проески. Настанот е најавен со почеток од 10 часот во Македонската православна црква во Загреб, на улица „Нова цеста“ 178, а по мисата ќе се одржи и спомен парастос.

На мисата ќе присуствуваат македонските маратонци, кои тој ден ќе биле во Загреб, а наредниот ден ќе заминеле во Нова Градишка. Од таму, од пред Електротехничкото училиште, тие во понеделник ќе го започнат маратонот во чест на Тоше, и во среда, на 16-ти октомври треба да пристигнат во Крушево.

За годишнината од трагичната смрт на Проески известуваат бројни хрватски медиуми. Музичарот кој имаше огромна популарност во целиот регион, а посебно во Хрватска, загина во близина на Нова Градишка.

Пред три години на шеталиштето „Новоградишки куриозитети” , во близина на местото на несреќата, беше откриен и негов споменик, камена статуа, дело на скулпторот Славко Буниќ

Back to top button
Close