Драма на лет за Дизелдорф: Патници се разболеа во авион

Неколку патници на летот на авиокомпанијата „Еуровингс“ од грчкиот остров Родос кон Дизелдорф, Германија, се разболеле за време на патувањето, а постои сомнение за инфекција со норовирус.
Патниците започнале да чувствуваат гастроинтестинални тегоби за време на вечерниот лет EW-9631, по што екипажот побарал одобрение за приоритетно слетување на аеродромот во Дизелдорф, потврди портпаролот на авиокомпанијата.
По слетувањето, аеродромските власти ја активирале процедурата за масовна несреќа. Медицинска екипа во заштитни одела влегла во леталото, а тројца патници итно биле пренесени во болница.
Патниците морале да останат во авионот околу 90 минути пред да им биде дозволено да излезат.
Една од патничките, Натали Гомбик (28) од Германија, која се враќала од одмор, ја опиша ситуацијата во авионот како многу драматична.
„За време на летот неколку патници се разболеа, а некои и повраќаа. Поуздано знам за тројца, но се чинеше дека уште толку имаа симптоми. Беше прилично шокантно по слетувањето да се видат толку многи возила на Итната помош и медицински лица во заштитни одела. Во тој момент немавме поим дека е прогласена вонредна состојба за масовна несреќа“, изјави таа, додавајќи дека и самата развила симптоми два дена подоцна.
Инцидентот се поврзува со епидемијата на норовирус на Родос која трае од јули. Според пишувањата на грчкиот весник „Катимерини“, во болницата на Родос досега се згрижени над 1.400 пациенти, додека вкупниот број регистрирани случаи достигна речиси 1.800.
Портпаролот на „Еуровингс“ потврди дека медицинскиот персонал ги прегледал загрозените патници, од кои тројца од претпазливост се пренесени во болница, додека останатите го продолжиле патувањето кон своите домови.






